Сетек Setec

Сетек Сè од Техника е лидер во областа на ИТ, Аудио/видео и белата техника на македонскиот пазар. Сетек е формиран во 1993 година, и во тоа време главна дејност беше дистрибуција во ИТ сегментот. Сетек моментално ја поседува најголемата дистрибутивна мрежа во Македонија која ја сочинуваат повеќе од 500 активни партнерски фирми – соработници и кооператори. Истовремено Сетек има и свој малопродажен ланец кој континуирано се развива. Нашето седиште е во општина Кисела Вода, на улица 1523 бр.1 (поранешен Хемтекс) 1000 Скопје – Македонија, тука е сместена и целокупната администрација, големопродажбата и магацините кој се уреден според највисоките европски стандарди..

Уште од почетокот определбата на Сетек Сè од Техника е да биде најуспешен во своето својата област, и тоа е така во изминатите 26 години. Но тоа не значи дека мируваме, ние секој ден упорно работиме на постојано усовршување во сите сегменти на нашата работа, а се со цел да останеме на лидерската позиција, која што ја заслуживме благодарение на постојаното функционирање, динамичност и усовршување. Ние сме репрезенти за тоа како треба успешно да се води еден бизнис. Горди сме на тоа што го имаме веќе постигнато, но секогаш се стремиме кон подобро. Сетек Сè од Техника моментално брои повеќе од 350 вработени.

  • Ние веруваме дека нашите вработени се движечката сила на нашата компанија и затоа креираме едно модерно и здраво работно опкружување со еднакви прилики и можности за сите.
  • Ние промовираме квалитетни услови за работа на нашите вработени – безбедност и заштита на работното место, попусти при користење на продукти и услуги од корпоративното портфолио, флексибилно работно време, најразлични форми на дијалог и интерна комуникација, поддршка на многу социјални активности итн.
  • Наша цел е да регрутираме, мотивираме и да ги задржиме најдобрите луѓе, додека во исто време креираме позитивен баланс меѓу работното време и личниот живот на нашите вработени.
Translate in English»