Инфо:

Telekom | Телеком продажен салон

Телеком продажниот салон во Skopje City Mall шопинг центарот на корисниците им нуди комплетно ново доживување, преку интерактивни елементи и мултимедијални содржини. Во Телеком продажниот салон, најсовремен и модерен простор на Македонски Телеком АД – Скопје и Т-Мобиле Македонија, можат да се најдат сите продукти и услуги на T-Home и T-Mobile брендот.

Македонски Телеком АД – Скопје станува дел од меѓународната групација Дојче Телеком и успешно работи под закрила на светскиот Т бренд на Македонскиот пазар од 2011 година. Компанијата е водечки национален оператор за електронски комуникации, кој на своите корисници им нуди широк спектар на врвни телекомуникациски услуги и забавни содржини, во доменот на фиксната мрежа, широкопојасни услуги и интегрирани решенија, како и телевизија преку интернет протокол (IPTV).

Т-Мобиле Македонија е првиот мобилен оператор и лидер на пазарот на мобилната телефонија во Македонија. Брендот нуди продукти и услуги за мобилна комуникација, интернет со големи брзини и конвергирани сервиси за приватни и бизнис корисници. Т- Мобиле Македонија ја има најдобрата мрежа која покрива повеќе од 99,9% од населението.

На територијата нa Р. Македонија, Македонски Телеком АД – Скопје и Т-Мобиле Македонија, имаат малопродажна мрежа со 42 Телеком продавници.

 

Translate in English»