MAX&Co. есен/зима 2022: „Бидете смели!”- инспирација од 70-тите отелотворена во андрогениот стил на Дајана Китон

 
 
   

MAX&Co. е современ моден бренд сакан поради своите оригинални, разновидни и внимателно изработени колекции, кои ги носат елегантни жени ширум светот.

Нова колекција MAX&Co есен/зима 2022

MAX&Co. дамата сака авантура и гламур. Се чувствува влијанието на возбудливите 70-ти и опуштениот, андрогениот стил на Дајан Китон од тој период, кој носи радосна мешавина на индивидуалност, стил на гламур. Личниот стил владее повеќе од кога било. Преовладуваат парчиња кои може да се носат како што вие сакате: тексас елеци, здолништа, фустани во комбинација со монистри, пруги и шалови.

Машкиот кариран блејзер е клучна инвестиција што се носи 24 часа на ден.

Бохо се враќа во хипи шик стил. А клучот е миксот, цветните принтови се носат со риги, дуксери под винилни костуми, експлозија на бои на чизми, плетениот дезен оди со се.

MAX&Co. со гордост ја претставува новата модна капсула Pony Ride, најновото поглавје во својата серија &Co.LLABORATION создадена во партнерство со дизајнерот Efisio Rocco Marras, креативен директор на I’M Isola Marras.

Херојот на MAX&Co. гардеробата  е иконски капут што се враќа и оваа сезона во живописна палета на бо од светло  зелена и небесно сина боја. И тој вели: „Бидете смели! “


 
 
   
Translate in English»