
Колку пати сте си рекле: „Ќе почнам да трчам следната недела“? Колку пати сте сакале да истраете во таа одлука, а потоа поради некоја причина сте ја изгубиле мотивацијата и не сте го направиле ниту првиот чекор?
Сигурно имате приоритетни задачи, токму затоа Skopje City Mall реши да создаде уникатна програма за рекреативци и идни љубители на трачањето со цел да им даде дополнителна инспирација и причина конечно да истраат во својата одлука.
„Skopje City Running Club“ е бесплатна програма за трчање која е наменета за почетници во трчање, кои се уште не ја пробале оваа рекреативно-атлетска дисциплина, но и за напредни трчачи кои практикуваат некои од рекреативните спортови или имаат трки со трчање од 5, 10 километри, дури и полумаратон, но со свое темпо. „Skopje City Running Club“ е тука да од нив направи активни трчачи!
Понеделник, 5 јуни, тренинг во 18ч.
Среда, 7 јуни, тренинг во 18ч.
Сабота, 10 јуни, тренинг во 9ч.
Понеделник, 12 јуни, тренинг во 18ч.
Среда, 14 јуни, тренинг во 18ч.
Сабота, 17 јуни – тренинг во 9ч.
Понеделник, 19 јуни, тренинг во 18ч.
Среда, 21 јуни, тренинг во 18ч.
Сабота, 24 јуни, трка во 9ч
Понеделник, 26 јуни, тренинг во 18ч.
Среда, 28 јуни, работилница за трчање во 18.30ч.