Mona чантите се пролетен хит!

 
 
   

Хит чантата од брендот Mona се распродаде за помалку од 24 часа

Чантите се слабата точка на многу жени. Малку жени можат да одолеат на убавите чанти, но во последните денови чантите станаа одлична инвестиција бидејќи нивните цени вртоглаво растат.

Одвреме-навреме некој нов модел на чанта станува вистински хит и секојa дама ја посакува токму таа чанта во својата колекција.

Токму тоа се случи со новиот модел на чанта на брендот Mona.

Новиот модел на Mona чантата стана вистински хит и беше распродаден насекаде. Станува збор за мала чанта која се носи преку телото, украсена со голема метална буква М која е заштитен знак на Mona.

Mona е препознатлив моден бренд од соседната земја Србија, кој е познат пред се по висококвалитетни кожни чанти и јакни, но и по производство на висококвалитетна машка и женска облека од кожа и текстил, како и мали модни додатоци, галантерија, која е детално дизајнирана и рачно изработена.

Новиот модел на Mona чантата стана вистински хит и беше распродаден насекаде.

Чантите се изработени од квалитетна природна кожа. Имаат пространа внатрешна преграда и ремен кој се комбинира за различни стилови на носење.

Чантите доаѓаат во најразлични бои, а ние не можеме да се одлучиме која е поубава. Од класичните црни или беж, но и интересните портокалови или со дезениран тексас.


 
 
   
Translate in English»