НОСИ МЕ ВО ПАРИЗ СО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

  •  
  •  
  •  
  •  
  •   

По повод месецот на љубовта и денот на заљубените, од 8ми до 14ти февруари, Скопје Сити Мол подготви интересен настан за своите посетители, под мотото “Носи ме во Париз”.

Сите заинтересирани можат да бидат дел од интересни повеќедневни игри за парови, забава за посетителите, а како модератори на шоуто ќе се појават познатите ТВ водители Марко и Цеце.

Пријавените парови ќе учествуваат во друштвени игри, ќе добијат задачи и љубовни предизвици, ќе бидат дел од квизови со кои ќе се тестираат “колку добро се познаваат”.

Максималниот број на парови е 40 затоа побрзајте и резервирајте го вашето место во оваа игрa!

По принцип на бодување од игрите, паровите освен добрата забава, добиваат можност и да го завртат “тркалото на љубовта” со интересни награди, а најдобрите ќе добијат шанса да се натпреваруваат во големото финале на 14 февруари.

Главната награда за победничкиот пар е романтично патување во вечниот град на љубовта – Париз.

Пријавување на сите парови учесници ќе започне од 3ти февруари на пултот на играта “Носи ме во Париз” кој се наоѓа во приземниот простор на влезот на Skopje City Mall, секој ден од 13:00 до 21:00 часот.

Натпреварувањата на овие датуми ќе траат до 18:00 до 21:00 часот.

Деновите на натпреварвање се 8ми, 9ти, 11ти,13ти и големото финале на 14ти февруари!

Патувањето ќе се одржи од 21.02.до 24.02.2020

Дојдете и учествувајте на “фестивалот со кој се слави љубовта” во Skopje City Mall и пријавете го Вашето учество навреме.

 

ПРАВИЛА НА ЗАБАВНАТА ИГРА
“НОСИ МЕ ВО ПАРИЗ”

Член 1
Организатор на забавната игра со име “Носи ме во Париз” е СЦМ РЕТАИЛ ДООЕЛ СКОПЈЕ со седиште на ул. Љубљанска бр.4, Скопје Сити Мол, 3ри кат, Скопје – Карпош.

Член 2
Времетраење на забавната игра “Носи ме во Париз” започнува од 03.02.2020 година и ќе трае заклучно со 14.02.2020 година, односно кога и официјално ќе бидат прогласени победниците во играта на Скопје Сити Мол.

Член 3
Право на учество во оваа игра имаат сите полнолетни граѓани на Република Северна Македонија, заедно со својот партнер/ка.
Учесниците со самото пријавување се целосно согласни на правилникот на игра.

Член 4
Организаторот СЦМ РЕТАИЛ ДООЕЛ – Скопје ја промовира оваа игра за цел забава на потрошувачите во локалите во Skopje City Mall.

Член 5
Учество во играта:
5.1 Стекување право на учество

Максималниот број на парови е 40.
За учество на натпреварувањето потребно е секој пар да се пријави во Скопје Сити Мол во
периодот помеѓу 03.02.2020 и 13.02.2020.

5.2 Регистрирање на учество
Регистрирањето се врши на инфо-дескот поставен на влезот од страната на
ул.М.А.Н.А.П.О (Карпош 3 – Play City Caffe), со приложување на лична карта.

5.3 Натпреварување
Натпреварувањето ќе се изврши на 08.02; 09.02; 11.02; 13.02 и 14.02.2020 година од 18:00 до 21:00 часот на локација на влезот од страната на  ул.М.А.Н.А.П.О и истото ќе се фотографира и сподели на фејсбук фан страната на Skopje City Mall.

Член 6
По завршување на натпреварувањето, добитниците веднаш ги подигнуваат наградите, истите се фиксни и неможе да се заменат.

Член 7
Фонд на подароци:
– 1 х викенд во Париз ( платени трошоци за авионски превоз и сместување)
(реализирање на патувањето: тргнување со авион од Скопје на 21.02.2020, 3 ноќевања во хотел, враќање на 24.02.2020)
– 10 х гифт картички од Скопје Сити Мол

– 10 х гифт картички од Фешн Груп

– 10 х кино пакети од Синеплекс

– 10 х вински тури и ручек од винарија Стоби

– 10 х пакети од Винчини

Член 8
Натпреварувањето ќе биде документирани со фото и видео  од страна на Skopje City Mall за потребите на играта

Член 9
Организаторот има право да ја прекине забавната игра од објективни причини.


  •  
  •  
  •  
  •  
  •