Одлична летна колекција за плажа на Reserved

 
 
   

Исто како Zara и Mango, Reserved ја лансираше својата летна колекција на неопходни работи за плажа.

Reserved е едно од оние места на кои многу често сме изненадени од добрата понуда на модели.

Мора да признаеме дека сме воодушевени од колекцијата за плажа главно затоа што Reserved обрна внимание на сите големини и градби на телото.

Покрај генијалните костими за капење, колекцијата вклучува уште подобри влечки и апостолки, иако ни малку не заостанува облеката за плажа.

Она што исто така многу ни се допадна е тоа што секој може да најде нешто за себе. Така, за романтичарките има модели со тантела, за љубителките на класиката има црни костими за капење, а тренди девојките би можеле да изберат костим за капење во многу популарната зелена боја…


 
 
   
Translate in English»