Летото официјално започнa, а нашите мисли веќе се на брегот, под палматa, со звуците на италијанските канцони. И додека сонливо планираме што ќе спакуваме во патничката торба за овогодинешниот одмор, истовремено сфаќаме дека е време да ја освежиме нашата гардероба со најновите трендови.
Следиме само едно правило: таму каде што мирисот на морската сол не опива, а се живее со леснотијата на постоењето, носиме само проsирно, светло, плетено, зелено и розево…
Ѕирнавме во понудата на брендот Mango и за вас издвоивме 12 парчиња кои ќе ве направат модна икона ова лето. Таму се сите трендови на сезоната: од зелен фустан и стилски сандали, преку плетени чанти и капи, до розово сако и бермуди.
Ќе биде долго лето, затоа уживајте, седнете удобно на плажа со чаша коктел и бидете во тренд!