Patrizia Pepe: Жешки парчиња за новата генерација жени – кога физичката и дигиталната мода се обединуваат

 
 
   

Флертување со Метаверсот

Возбудливите можности што ни ги донесе дигиталната мода на Metaverse ги инспирираа креативните поединци да ги пробијат границите на виртуелното и да ги постават физичките 3D кодови за облекување на новата ера.

(Терминот метаверс е измислен во научно-фантастичниот роман на Нил Стивенсон од 1992 година Snow Crash, каде што луѓето, како програмабилни аватари, комуницираат едни со други и софтверски агенти, во тридимензионален виртуелен простор кој ја користи метафората на реалниот свет)

Во тој манир, италијанскиот бренд Patrizia Pepe, играјќи си со Metaverse, на своите клиенти им понуди футуристички форми на трендови за сезоната пролет/лето. Силуетите се моќни со блескави ткаенини, а рамењата огромни.

Сексапилниот неонски корсет во комбинација со соодветни панталони, тренди кроп топ, фустан кој се лизга низ торзото и го истакнува струкот, како и предимензионирано сако во виолетова боја се парчиња кои ќе ги носат жените од новата генерација.

Следните три комбинации ќе ве лансираат од светот на фантазијата во модната иднина која ја чекавме.

Металик корсет + соодветни хеланки

Мрежест горен дел + беж панталони

Сако без ракави + шорцеви

Циклама топ + соодветни панталони

Фустан + голема кошула


 
 
   
Translate in English»