Плетените торби се супер летен тренд!

  •  
  •  
  •  
  •  
  •   

Кој рече дека плетена торба се носи само на плажа?Пред неколку години, модната куќа Dolce & Gabbana ги претстави традиционалните сицилијански корпи на модна ревија во комбинација со најелегантни фустани и оттогаш торбата од слама го обиколи светот, стана супер тренд и конечно се истакна како едно од задолжителните додатоци во летниот стил.Плетените торби се достапни во различни верзии и се дел од асортиманот на најлуксузните брендови. Можете да изберете чанта во форма на корпа, модели со кожни детали, микро или макси верзии, ранци …

Торбата од слама совршено се вклопува со долги летни фустани со дезени, со мини комбинезони, фармерки, панталони и кафтани, како и со поформални парчиња облека. Сестрана, мириса на лето и автоматски дава летна атмосфера и на секоја комбинација на облека.

Избравме за вас неколку плетени чанти кои ги освоија срцата на инфлуенсерките оваа година. Откријте ги во галеријата.


  •  
  •  
  •  
  •  
  •