Погледнете ги 10-те клучни модни трендови за есен/зима 2021/22 година

  •  
  •  
  •  
  •  
  •   

Според истражувањата, иако пандемијата се уште трае, возбудата за купување трендовски парчиња не нѐ напушти, а дизајнерите потврдуваат дека: “Расположени сме за мода и тоа тоа споделуваме со други луѓе”.

Моќта на жените беше уште една голема тема на сезоната есен/зима 2021. Надеж Ванхи-Цибулски од Ермес рече: „Сега е неопходно повторно да се живее“.

За оваа сезона Муча Прада претстави предимензионирани жолти палта и макси чанти прекриени со монистри, Пјерпаоло Пиколи (Валентино) демонстрираше стил во кој комбинира кратко здолниште со машки блејзер и темен тексас со парчиња кои претставуваат чист романтизам. Па, каков изговор ќе подготвите да облечете мини фустан или боди во светли бои?

Погледнете ги 10-те клучни модни трендови за есен/зима 2021 година во галеријата за кои треба да знаете.

ТРАНСПАРЕНТНИ МАТЕРИЈАЛИ

Трендот на проѕирни фустани доминираше на есенските модни писти: покриени со монистри, машнички и сатенски рози, тие беа видени насекаде од Алберта Ферети и Диор, до Џамбатиста Вали и Симон Роха.

ТЕМЕН ТЕКСАС

Директивата за фармерки оваа есен гласи: широки ногавици, индиго нијанса.

ТЕРАПИЈА СО БОИ

Стилистот Бенџамин Бруно рече: „Колор терапија е кога носиш светла боја и се чувствуваш подобро!“ Неонските бои ги видовме во колекциите на Версаче, Балмен и Роксанда Илинчиќ, додека црвената беше една од водечките бои кај Диор и Ердем.

ЈАКНИ ОД ПЕРДУВИ

Сите од Шанел до Луи Витон, Баленсијага до Том Форд вклучија во своите есенски колекции јакни од пердуви.

МИНИ ДОЛЖИНА

XXL РАКАВИ

Есенските колекции покажаа ракави кои паѓаат далеку под врвовите на прстите, задржувајќи елегантна силуета (Фенди, Проенца Шулер).

ПЛЕТИВА 

Доколку желбата за хибернација сè уште не стивнала, ќе ве израдува изборот на есенска трикотажа: долги џемпери-фустани, турбани од кашмир, плетени чанти. 

 ЗА ВЕЧЕРНО ИЗЛАГАЊЕ Фустаните со монистри на Прада, металните фустани на Баленсијага и блескавите мини здолништа на Шанел кажуваат само едно: Се гледаме на подиумот за танцување!

СКИ ГАРДЕРОБАОгромни бунди и чизми под кои се наоѓаат гламурозни фустани и ски очила наместо очила за сонце.

БОДИА

Влезете во есенската опсесија со бодиa кои потсетуваат на нинџа воини. Од Прада до Долче и Габана, Емилија Викстед до Живанши, едноделните парчиња претежно изработени од мешавина на материјал или волна кои достигнуваат од вратот до стапалата, беа константа на пистатите.


  •  
  •  
  •  
  •  
  •