Политика за приватност
Оваа политика за приватност го уредува начинот на кој Друштвото за трговија и услуги СЦМ РЕТАИЛ ДООЕЛ Скопје (понатаму “Контролор/от” или “СЦМ РЕТАИЛ”) ги собира, користи и обработува податоците собрани од Вас како субјекти на лични податоци (понатаму “Вие”, “Субјект/те” или “Корисници/те”) при посета на интернет страницата www.skopjecitymall.mk, (понатаму: “Интернет страница/та”).
Со пристапот на интернет страницата, потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и дека се согласувате на условите на Политиката за приватност.
- Видови податоци кои ги собираме
При посетата на интернет страницата се собираат и обработуваат Вашите лични податоци кои доброволно ги оставате при оставање на Ваш коментар или поставување на прашање преку Интернет страницата. Доколку преземете било кое од овие дејствија се подразбира дека ја имате дадено Вашата согласност за обработка на личните податоци за целите кои ги доставувате.
При оставање на Ваш коментар или поставување на прашање преку интернет страницата СЦМ РЕТАИЛ ги обработува Вашите податоци и тоа:
• Име,
• Презиме,
• Адреса на е-пошта.
Дополнително, нашата интернет страна користи алатка “Колачиња” со која се врши собирање на податоци како што се:
- Името на пребарувачот на интернет,
- Типот на компјутерот,
- Технички информации за конекцијата што ја користите при посета на интернет страната како што се оперативен систем и давателот на интернет-услугата,
- IP (интернет протокол) адреси кои се доделуваат од страна на давателот на интернет-услугата и се различни за секој корисник.
Собирањето и обработката на овие податоци се врши со Ваша согласност и прифаќање на нашата алатка за “Колачиња”. За повеќе детали Ве молиме прочитајте ја Политиката за користење на колачиња.
- Начин на користење на Вашите податоци
2.1 Вашите лични податоци можеме да ги користиме за следните цели:
- Преработка, администрирање и подобрување на нашата веб-страница и простории и други аспекти на начинот на кој ги спроведуваме нашите операции;
- За управување, развивање и унапредување на нашето работење и особено нашиот однос со организацијата што ја пр4етставувате (доколку претставувате таква) и трансакциите поврзани со ова; и
- За заштита на нашиот бизнис од измама, перење пари, прекршување на довербата, сајбер-напад, кражба на патентирани материјали и други финансиски или деловни криминали.
2.2 Повремено користење на Вашите лични податоци
Од време на време може да ги разгледаме податоците за вас што се чуваат во нашите системи – вклучувајќи ја и содржината и на други информации поврзани со вашата електронска пошта и другите комуникации со нас – за целите усогласеноста и заштита на бизнисот како што е опишано погоре.
Вашите податоци ќе ги обработиме само до потребниот степен со цел да можеме да ги исполниме целите опишани погоре, а потоа само таму каде што ќе процениме дека нашата обработка нема да Ви наштети на Вас или Вашата приватност на начин кој ќе го надмине нашиот легитимен интерес во спроведувањето на тие цели.
- Начин на обработка на Вашите лични податоци и рокови на чување на Вашите податоци
Вашите податоци нема да бидат обработувани за ниту едена друга цел, освен за целта заради која се собрани. Собраните лични податоци се обработуваат механички и/или електронски, исклучиво од страна на лица вработени/ангажирани од Контролорот коишто имаат пристап до истите и кои се авторизирани и овластени да извршуваат анализи, како и со почитување на начелата на обработка на личните податоци согласно со Законот за заштита на личните податоци.
Обработката на Вашите лични податоци СЦМ РЕТАИЛ ја врши согласно прописите за заштита на лични податоци на Република Северна Македонија, преземајќи ги сите пропишани технички и организациони мерки за обезбедување на тајноста и заштита при обработка на личните податоци со кои располага.
Дополнително, СЦМ РЕТАИЛ применува сигурносни мерки при прибирање, чување и процесирање на информациите заради заштита од неавторизиран пристап, промена, откривање или уништување на Вашите лични податоци како и податоци што не се лични, а се складирани на вашата страна.
Вашите лични податоци може да бидат доставени само на надлежните органи, согласно со законски предвидената постапка.
Доколку одлучите да ја повлечете Вашата согласност за обработка на Вашите лични податоци, Вашите лични податоци ќе бидат избришани, освен личните податоци за кои СЦМ РЕТАИЛ има законска обврска да ги чува во законски определен рок согласно со Законот за архивски материјал или друг применлив закон.
Личните податоци при оставање на Ваш коментар или поставување на прашање преку интернет страницата, СЦМ РЕТАИЛ ги обработува се до повлекување на согласноста, односно до моментот кога ќе одлучите да го избришете Вашиот коментар односно прашање или ќе побарате ние тоа да го сториме за Вас.
Личните податоци во рамки на сметководствените документи, вклучувајќи договори, комуникација и деловна кореспонденција, СЦМ РЕТАИЛ ќе ги чува согласно применливата даночна регулатива. - Давање на користење и меѓународен трансфер на вашите податоци
Вашите лични податоци можеме да ги дадеме на користење само доколку сме добиле ваша согласност за истото или онаму каде што е разумно неопходно на остварување на некоја од целите наведени погоре во делот “Начин на користење на Вашите лични податоци”. - Чување и уништување на Вашите податоци
Вашите лични податоци ги чуваме точни и ажурирани и кога веќе нема да ни бидат потребни, податоците што ги имаме за вас се уништуваат.
Вашите лични податоци, во зависност од нивната природа и цел на обработка, се чуваат во согласност со Политиката за чување на лични податоци. Доколку сакате да дознаете повеќе во врска со ова, контактирајте не за повеќе информации.
Имајте предвид дека можеме да задржиме некои податоци за вас, дури и откако ќе дознаеме дека сте ја напуштиле организацијата што ја претставувате, за да можеме да одржуваме континуиран контакт со вас, доколку и кога повторно ќе стапиме во контакт со вас, како претставник на друга организација. - Вашите права
Во согласност со Законот за заштита на личните податоци, како субјекти чии лични податоци ги обработуваме, ги имате следниве права:
• Да се информирате од СЦМ РЕТАИЛ за начинот на обработка на Вашите личните податоци и дали истите се користат во согласност со целта заради која се дадени;
• Да побарате од СЦМ РЕТАИЛ да ги избрише Вашите лични податоци, при што СЦМ РЕТАИЛ има обврска да ги избрише Вашите лични податоци во рок од 30 дена од денот на поднесување на барањето за бришење, под услови предвидени во Законот за заштита на личните податоци;
• Да поднесете барање до СЦМ РЕТАИЛ со кое што ќе ја повлечете согласноста дадена за целите на обработка на Вашите лични податоци;
• Да поднесете приговор до СЦМ РЕТАИЛ за начинот на обработка на Вашите лични податоци.
Доколку сакате да остварите некое од горенаведените права, Ве молиме контактирајте не (видете подолу во делот “Контакт”).
Исто така, можете да поднесете поплака за нашата обработка на вашите лични податоци до Дирекцијата за заштита на лични податоци (повеќе информации во врска со ова можете да најдете на следниот линк: https://skopjecitymall.mk/kontakt/. - Контакт
Вашите прашања, коментари и барања во врска со оваа Политика за приватност и нашата обработка на личните податоци се добредојдени.
Доколку имате прашања Ве молиме обратете се на е-пошта на нашиот Офицер за заштита на податоците monika.t@skopjecitymall.com. - Завршни одредби
Сите измени што ќе ги направиме на оваа Политика за приватност ќе бидат објавени на нашата веб-страница (https://skopjecitymall.mk/) и ќе Ви бидат достапни доколку не контактирате на:
Е-маил: monika.t@skopjecitymall.com.
Адреса: Љубљанска – СИТИ МОЛ 4/3, Скопје, Карпош, Република Северна Македонија
Телефон: +389 2 3253-990 - Промена на политиката на приватност од Контролорот
Оваа политика на приватност може да биде изменета во било кое време со објавување на изменетиот текст на Политиката за приватност на нашата интернет страна, како и датумот на ажурирањето. Измените на политиката за приватност влегуваат во сила веднаш по нивното објавување. Токму поради тоа Ве молиме периодично да ја прегледувате Политиката за приватност и да ги прочитате нејзините евентуални измени. Со продолжување на пристапот и користењето на нашата интернет страна, корисникот се согласува со измените и ги прифаќа одредбите на оваа Политика за приватност. - Датум на објава на Политика на приватност
20.04.2022 година