Во пресрет на Денот на вљубените од 11 до 14 февруари Скопје Сити Мол организира голем Љубовен базар на уникатни современи уметнички творби, кои рачно ги имаат изработено мајстори – креативци. Повеќе од 20тина индивидуалци, “artisans” – уметници и 19 брендови ќе ги претстават своите најнови и оригинални производи.
Oвие четири денови, посетителите ќе можат за своите љубени да купат автентични производи од: Monkdolls – љубовни спомени во рамка; Шарено ќоше – рачно насликана керамика и уникатни дизајни со персонализирани подароци; Кожарска работилница Хорват – рачна изработка на производи од природна кожа, Атеље Марта Пејоска – сребрена езерска приказна прелеана во филигран; Преплет – дизајн студио препознатливо по уникатни фрази испишани на кирилица; IGNIS.Creative – деликатни восочни фигури; Ленка – рачни везови на иновативен начин; Номад Студио – еколошки производи со современ дизајн; M&M Luxury soap bouquet – ароматизирани сапуни дизајнирани во форма на цвеќиња и чоколадни бомбони; Marcy’s handmade – шарени приказни во форма на накит за сонувачи и храбри луѓе; Индиго тату студио – со тетовирањето нештата ги претвораат во вечност за да не бидат заборавени; Wanderlust – смели керамички дизајни; Елена Ристовска – накит кој е синтеза на знаење и творечка вештина; Woodyz – дрвени пеперушки и целосна палета на модни додатоци за мажи и жени; креативно студио Алегра – уникатен спој од графички дизајн и рачна изработка, MORPHO – филигрантска умешност испреплетенa во современ накит; Атеље Сиена – испреплетени креативни приказни на мајка и ќерка, преточени во накит, Блумен и Арт 2005 – цвеќара која аранжманите со цвеќе ги претвора во уметност и Vincinni – слатко љубовно задоволство.