Skopje City Mall во соработка со Pragma продукција креираа интересна игра преку која ќе доделуваат бесплатни билети за престојниот концерт на мега популарна виолиниска Vanessa Mae.
Британската мега популарна виолинистка Ванеса Меј за прв пат доаѓа во Македонија, каде ќе се претстави пред публиката во Вип Арена „Борис Трајковски“ на 15 мај 2017 во Скопје. Годинава тоа ќе биде нејзин единствен концерт во регионот.
“Засвири на виолина и освој билети“ е игра каде посетителите на Skopje City Mall ќе можат да освојат бесплатни билети за престојниот концерт. Идејата е да им овозможиме на нашите посетители кои не се во можност да набават билети а имаат познавање за свирење на инструментот виолина да се тестираат и да освојат билети за концертот“
За учество во играта потребно е да се регистрирате на i@skopjecitymall.mk со испраќање на Вашето име, презиме, возраст и телефонски контакт. Играта ќе се реализира на 13.05.2017 во 12ч. во Skopje City Mall, каде на регистираните натпреварувачи ќе им биде доделена задача да се отсвират ноти. Жири комисијата ќе ги оцени 5те најдобри изведби и ќе им додели по 2 билети на изведувачите.