SKOPJE SHAKE powered by Skopje City Mall

 
 
   

Со гордост ви го најавуваме најголемиот SHAKE настан досега: 1ви септември, петок, на добро познатата локација од лани – rooftop на Skopje City Mall со stacked line-up од интернационални и домашни артисти! 🔥

Andy Purnell, официјалниот диџеј на најпознатиот drill артист последниве неколку години (Central Cee) пристигнува во Скопје после летната глобална турнеја и директно од Лондон ќе го претстави најдоброто од британскиот звук во моментов! 🇬🇧

Покрај него, директно од Загреб на гости ни доаѓаат KUKU$ кои ќе го промовираат својот нов албум X, како и најголемите хитови од нивното 10 годишно постоење, а заедно со нив, за прв пат во Македонија доаѓа и BAKS – еден од најактуелните млади артисти на Балканот. 🇭🇷

Домашна поддршка за интернационалните гости се нашите добри пријатели и пионери на трап сцената во Македонија: Bon Praskiza, Sexy Marsa, Donplaya и Princess Donatsu, како и младото и енергично rage дуо: Flexify & Bullz; се разбира, надополнета од нашата диџејска екипа: Shorty P, Irie Scratch, Nasty и Ogipsilon. 🇲🇰

Early bird картите по цена од 400 мкд ќе бидат достапни од среда до недела (13.08) во: Градско Тобако (влезот на зоолошка), Рузвелт Бар (Карпош 1), Блок Кафе (Аеродром) и кај нас во DM. Од понеделник (14.08) па натаму, картите по цена од 500 мкд ќе бидат достапни преку продажната мрежа на mktickets и online на нивниот website. На врата (доколку останат), картите ќе чинат 600 мкд. 🎫

Набавете ја својата карта на време и се гледаме на rooftop во Skopje City Mall на 1ви септември – петок на најголемиот SHAKE настан досега! 🚀

SKOPJE SHAKE 2023 🌐 01.09.2023
powered by Skopje City Mall


 
 
   
Translate in English»