Совршени парчиња накит за оние кои сакаат да остават силен впечаток!

  •  
  •  
  •  
  •  
  •   

Безвременски, а во исто време и statement парчиња …

Sereee, бренд за накит со седиште во Њујорк, кој создава дизајни со употреба на жад, ја проширува својата понуда со две колекции наречени Jade + и  Seree.lab. Надградувајќи ја оригиналната линија на класични обетки, ѓердани, нараквици и прстени, брендот комбинира жад со разни материјали како што се бисери и сребро.

Новата колекција е предводена од големи обетки и обетки изработени со златни перли и бледо син жад. Аксесоарите исто така доаѓаат со висечки силуети, вклучувајќи дизајн на Chess Pearl Black Agate и Cecile обетки од жад. 

Покрај тоа, колекцијата е акцентирана со чокер Musubi и Jamie ланчиња со контрастни бисери од жад.

Љубителите на бисери ќе бидат воодушевени од Isabelle стилот, односно нараквица која содржи дезени на бисери и жад.


  •  
  •  
  •  
  •  
  •