Tommy Hilfiger: супер модерна колекција TH Monogram за есен 2022 година

 
 
   

 Новата колекција TOMMY HILFIGER го слави класичниот американски стил кој е освежен со иновативни кроеви и актуелни трендови на сезоната.

Машката колекција е мешавина од елегантен стил и урбана улична облека која е преточена во парчиња со безвременски стил. Линијата на облека, обувки и додатоци е препознатлива по високиот квалитет, извонредните перформанси и класичниот стил кој никогаш не излегува од мода.

Колекцијата е освежена со лого трендот кој го претставува задолжителното нешто,  (“must-have”) на сезоната.

Новиот дизајн е резултат на опсежно истражување во архивата на TOMMY HILFIGER. Purcell создаде смела реинтерпретација на мотивите што ги откри на иконските парчиња од дизајнерската историја на брендот. Создаден од испреплетените букви T и H, монограмот го судира класичното со новото, внесувајќи нова перспектива на сензибилитетот: како таков, тој е суштинскиот TOMMY HILFIGER.


 
 
   
Translate in English»