Oваа сабота со почеток во 9.30ч. ќе организираме трка на 4км околу Skopje City Mall . Ќе трчаме на тротоарот од едната страна покрај самиот мол до другата страна (500м ) и пак назад до истата позиција = 1км. (8 × 500м = 4km).Трката ќе има повеќе ревијален и промотивен карактер и преку трчањето уште еднаш да влијаеме на околината дека физичката активност е клучна за подобро здравје!
Учеството е бесплатно и отворено за сите! Стартот и финишот ќе бидат непосредно до влезот во Скопје Сити Мол, кај влезот кај маркетот. Подигнување на стартни броеви од 9ч.
