Скопје Сити Мол оваа година големиот христијански празник Велигден го посветуа на најмалите кој ќе ги анимира преку натпревари, разни игри и работилници и на тој начин да го прослават и запомнат.
“Велигденски свет” кој ќе се одржува во периодот од 22 до 29 април, е катче во трговскиот центар кој има лавиринт, џиновски зајко и претставува чудесно место каде ќе може да креираат и да се дружат. Овој празник e особено забавен за најмалите бидејќи ги асоцира на бои, игри и радост.
Во рамките на “Велигденски свет” ќе се одржат најголемите работилници за боење на јаца, децата ќе можат да го пријават своето најкреативно јајце, а победникот ќе земе награда. Работилниците се одржуваат од 25 до 28 април во период од 18:00 до 20:00 часот, а на 27 и 28 април ќе има и дополнителен термин од 12:00 до 14:00 часот.– изјавија од Скопје Сити Мол.
25-ти Април од ➡️ 18:00-20:00⬅️
26-ти Април од ➡️18:00-20:00⬅️
27-ми Април од ➡️12:00-14:00⬅️ и од ➡️18:00-20:00⬅️
28-ми Април од ➡️12:00-14:00⬅️ и од ➡️18:00-20:00⬅️
Работилниците ќе бидат на приземјето на главниот влез во Skopje City Mall 😊