Водич за купување: 3 неодоливи мајски парчиња

 
 
   

D како DIESEL

Не е тајна дека 2.000- тите години направија големо враќање во светот на модата.

Топ без прерамки е еден од амблемите на овој период. Италијанскиот бренд Diesel со Глен Мартенс на креативното кормило ги прифатија Y2K тенденциите и ја претставија реинтерпретираната мода со edgy призвук. Совршен пример е ребрестиот памучен топ  со масивно лого.

УРБАНА УБАВИНА

Трендовите доаѓаат и си одат, но тука се патиките на Air Jordan како симбол на уличната култура, но и едни од омилените модни класици. Нивната форма е препознатлива, а со секоја сезона добиваат изобилство на нови бои. Оваа пролет, време е за драматична нијанса, боја на виното.

ЅВЕЗДЕНО НЕБО

Како вечерното небо со безброј ѕвезди, дотерајте се оваа сезона со часовник инспириран токму од бесконечноста. Michael Kors претстави часовник со намалена форма чија нараквица е всушност во фокусот. Изработена со сребрен сјај, ја симболизира убавината на бесконечноста.


 
 
   
Translate in English»