Време е за голема летна распродажба во Скопје Сити Мол

  •  
  •  
  •  
  •  
  •   

Како и секоја година јавноста со нетрпение ги очекуваме големи попусти! Ова  топло лето направи Skopje City Mall и продавниците во него да обезбедат уште пониски, односно навистина ”жешки” цени на своите посетители.

Овој период во Скопје Сити Мол започнуваат најголемите попусти и промоции кои продавниците ќе ги понудат на летните колекции.

„Сите знаеме дека летниот период е секогаш атрактивен за шопинг, затоа заедно со брендовите се погриживме нашите посетители да уживаат во намалени цени, големи акции и промоции. Попусти има и ќе има уште поголеми во скоро сите продавници низ трговскиот центар, следејќи ги светските трендови кои во овој период започнуваат последните најголеми намалувања на колекцииите. Затоа ги повикуваме сите посетители и љубители на шопингот во овие летни денови да не посетат и да уживаат во големиот избор кој им го нудиме.“ – изјавија од трговскиот центар.

Оваа акцијата е последна акција во која ќе можат да се купат производи од пролет/лето колекциите по пониски цени. Таа доаѓа паралелно со периодот кога речиси насекаде во светот започнува големата летна распродажба или ликвидација на парчиња по супер ниски цени.

Овие летни попусти се причината заради која купувачи не можат да го сокријат задоволството од големата понуда на различни производи по екстремно намалени цени.

Уживајте во шопингот!


  •  
  •  
  •  
  •  
  •