Yamamay има совршени комплети за вежбање кои се прилагодуваат на секое тело

 
 
   

По минатогодишниот успех, Yamamay ја дочекува пролетта претставувајќи ја линијата ‘Adaptive Color’ изработена со иновативната технологија LYCRA® ADAPTIV, облека која  се прилагодува на сите типови на тело, гарантирајќи удобност и слобода при движење за секого.

Изработена од револуционерен полимер, LYCRA® ADAPTIV е иновација на компанијата LYCRA, која е светски лидер во развојот на технолошки решенија за текстилната и конфекциската индустрија. Благодарение на својата хибридна природа, LYCRA® ADAPTIV се однесува поинаку при мирување и во движење, дозволувајќи и на облеката која ја содржи, природно да се прилагоди на различните форми на телото, почитувајќи ги движењата на телото и обезбедувајќи совршено адаптирање секогаш кога се носи.

Линијата LYCRA® ADAPTIV го заобиколува класичното дефинирање на броеви, што значи дека една големина може да го покрие целиот опсег на големини. Токму поради оваа причина Yamamay својата кампања ја нарече „3 големини во 1“. Прилагодливост, еластичност и удобност се карактеристиките на производите од новата линија, која се состои од топ и хулахопки достапни во две бои – глинено розова и војничка зелена, кои ја надополнуваат основната црна боја.

Повеќе од 20 години, преку своите колекции и рекламни кампањи, Yamamay ја слави женската убавина, без разлика на возраста, етничката припадност или бројот на килограми. Една од главните карактеристики на брендот е грижата за клиентите, што се потврдува со комуникациските пораки, имено дека жените секогаш треба да се чувствуваат убаво и свесни за својата женственост, да се ценат себеси за тоа што се и да живеат здрав живот без чувство на различност.


 
 
   
Translate in English»