Во недела на 25 декември во Скопје ќе се одржи традиционалната Дедомразовска трка, во која повеќе стотици учесници во дедомразовски костуми ќе трчаат во главниот град, овој пат на нова локација, со старт и цел во Скопје Сити Мол во Карпош.
Трката покрај натпреварувачки, има и забавен карактер па во неа се добродојдени да се пријават учесници од сите старосни групи. Должината на патеката е само 2 километри и можат да ја истрчаат и деца во придружба на родители.
Пријавувањето се одвива преку веб страницата www.prvdovrv.mk. Со пријавувањето, секој учесник добива целосен дедомразовски костум, составен од палто, панталони, капа, ремен и брада.
За победниците се предвидени награди, а на најсреќните учесници преку лотарија ќе им се исполнат новогодишните желби без оглед на резултатот и освоеното место. Пред и по трката се предвидени музичка програма, загревање со фитнес инструктор и церемонија на прогласување на победниците.
Стартот на трката е закажан за 12 часот во рамките на новогодишниот базар на Скопје Сити Мол, а подигнувањето на стартните пакети од 10 ча-сот на денот на трката.
Трката ја организира здружението за спорт и рекреација Прв до врв од Скопје со поддршка од Кока-Кола Македонија и Скопје Сити Мол.
