Гифт картичка

Исполни желба!

Нова вредносна картичка на Скопје Сити Мол и Комерцијална банка.

Гифт картичка со која подарувате избор. 

Скопје Сити Мол во соработка со Комерцијална банка АД Скопје подготвија одлично изненадување за сите кои сакаат на едноставен и оригинален начин да ги израдуваат најблиските со она што навистина им е потребно.
Новата гифт картичка или вредносна картичка за подарок на Скопје Сити Мол и Комерцијална банка е првата картичка од ваков вид кај нас. Картичката е наменета за купување исклучиво во трговскиот центар Скопје Сити Мол само во оние соодветно означени продажни места. За почеток, воведени се 3 вида на вредносни картички – со износи од 1.000, 3.000 и 5.000 денари. Истите се за повеќекратна употреба и имаат важност до 6 месеци од моментот на нивно активирање, односно купување. Картичката може да се купи во сите експозитури на Комерцијална банка АД Скопје во Република Македонија.

Вредносната картичка за подарок има повеќе придобивки: таа е несебичен подарок кој овозможува слобода на избор, таа е лесна за употреба и многу посигурна од готовината. Износот може да се троши повеќекратно, а сопственикот може да ја провери состојбата на својата картичка во кое било време преку интернет-сајтот на Комерцијална банка АД Скопје, како и на шалтерите на Банката.

gift-kard[1]
3-card[1]

Со едноставното купување на картичката, го избегнувате моментот на бесцелно талкање по продавници во потрага по совршениот подарок. Со неа добивате можност да ги исполните желбите на вашите најблиски, пријателите, соработниците. Таа е идеален подарок наменет за секого и за секоја прилика, особено погоден како новогодишен подарок, подарок за роденден, свадба, деловна пригода, но и одличен начин за изненадување без посебен повод.

Вредносната картичка за подарок претставува ограничен паричен еквивалент кој Банката го издава како алтернатива на директен паричен подарок употреблив исклучиво во продавниците во Скопје Сити Мол. Ваквиот вид на картичка е пракса во сите поголеми трговски центри во светот, а сега, за прв пат кај нас на граѓаните ќе им биде достапна токму пред новогодишните празници благодарение на Скопје Сити Мол и Комерцијална банка АД Скопје.

Повеќе информации околу картичката, граѓаните може да побараат на веб страните на Скопје Сити Мол и Комерцијална банка АД Скопје или може директно да се обратат во експозитурите на Комерцијална банка АД Скопје низ земјата.

Вашата картичка може да ја искористите во следниве локали во Skopje City Mall

Назив категорија локација
Adam’s shoes обувки 1 кат
Amorini модни додатоци 1 кат
Arthur’s Converse Обувки 1 кат
Balon Magija украсни балони 2 кат
Bata обувки приземје
Bitsiani машка мода 1 кат
Bo Bowling забава 2 кат
Bo Bowling coffee shop кафе бар 2 кат
Brooklyn lounge bar ресторани и барови приземје
Buzz спорт 2 кат
Carter’s детска гардероба 2 кат
Casa Gracian машка/женска мода 1 кат
Celio машка мода приземје
Carpisa  модни додатоци 1 кат
City Fashion машка мода 1 кат
DM DROGERIE здравје и убавина приземје
DOCA модни додатоци приземје
Duki Daso модни додатоци 2 кат
Fashion & Friends машка / женска мода 1 кат
Gant машка мода 1 кат
Geox обувки 1 кат
Hemel Козметика Приземје
I Style техника и телекомуникации приземје
JUSK за дома 1 кат
Kamala fresh женска мода 1 кат
Kares за дома 1 кат
Kimico долна облека 2 кат
L’occitane en provence козметика приземје
LTB машка / женска мода 1 кат
Lush козметика приземје
Mango женска мода приземје
Marfi Macarons француски колачи приземје
Motivi женска мода приземје
MYTIME модни додатоци приземје
Nautica & Lacoste машка мода 1 кат
Neptun техника и телекомуникации 1 кат
Nike Shop спорт 2 кат
Office Shoes обувки приземје
Okaidi детска облека 2 кат
Original Marines детска облека 2 кат
Oxette модни додатоци приземје
P.S. Fashion женска облека 1 кат
Pandora модни додатоци приземје
Parfois модни додатоци приземје
Peko обувки 1 кат
Polzela машка / женска мода приземје
Yamamay долна облека 1 кат
Refan специјализирани 1 кат
Silhouette Beauty Salon услуги 2 кат
Sony техника и телекомуникации 2 кат
Sport Vision спорт 2 кат
Sport Vision Kids спорт 2 кат
Springfield машка / женска мода 1 кат
Swarovski модни додатоци приземје
Tally Weijl женска мода 1 кат
Tea Colours играчки 2 кат
Tedi цвеќара приземје
Timberland машка / женска мода приземје
Trend ресторани и барови приземје
Tudors машка облека приземје
Viktor Chevignon обувки 1 кат
Women Secret долна облека приземје
Yves Rocher здравје и убавина приземје
Za-Za underwear долна облека приземје
Европа чоколади, вафли, бонбони 2 кат
ИКОНА специјализирани приземје
Крш играчки 2 кат
Просветно дело специјализирани 2 кат
Scechers спорт 2 кат
Lapin House детска гардероба 1 кат

Вредносната картичка за подарок претставува ограничен паричен еквивалент, кој Банката го издава како алтернатива на директен паричен подарок, употреблив исклучиво во продавниците во Скопје Сити Мол. Ваквиот вид на картичка е пракса во сите поголеми трговски центри во светот, а сега, за прв пат и во Република Македонија.

Со едноставното купување на картичката, го избегнувате моментот на бесцелно талкање по продавници во потрага по совршени подарок. Таа е идеален подарок наменет за секого и за секоја пригода , особено  како новогодишен подарок, подарок за роденден, свадба, деловно внимание, но и одличен начин за изненадување без посебен повод.

Картичката е со привлечен дизајн, прекрасно пакување и можност за уникатна посвета, Вашиот подарок никогаш нема да разочара и ќе ги освои срцата на Вашите сакани.

Картичката е наменета за купување исклучиво во трговскиот центар Скопје Сити Мол само во оние соодветно означени продажни места.

Со самото купување на Гифт-картичката, од експозитурите или филијалите на Комерцијална банка АД Скопје, таа е активна. Износот на картичката може да се искористи  во продажни места во Скопје Сити Мол, во рок од 6 месеци од нејзината набавка.

Состојбата на Вашата Гифт-картичка можете да ја следите преку веб страницата на Комерцијална банка АД Скопје, преку следниов линк или на сите шалтери на Комерцијална банка АД Скопје.

Картичката е достапна во сите експозитури и филијали на Комерцијална банка АД Скопје.

Гифт-каричката може да ја користи секој, независно од возраста или статусот. Таа е неперсонализирана, односно на неа нема име и презиме и ја користи лицето кое ја поседува.

Како купувач на Гифт-картичката, Вие немате никакви дополнителни трошоци, не се наплатува надоместок или провизија за нејзино купување. Таа е достапна во износи од 1000, 3000 или 5000 деанари на Гифт-картичката, и тој износ Ви го наплаќаме.

Вашата Гифт-картичка можете, да ја искористите во продажни места во Скопје Сити Мол, повеќекратно во рок од 6 месеци.

Гифт-картичката не се надополнува, затоа што таа е активна 6 месеци: Доколку сакате да продолжите да ја користите, можете да си набавите нова без надоместоци и трошоци во експозитурите или филијалите на Комерцијална банка АД Скопје.

Имајќи предвид дека Гифт-каричката е неперсонализирана, односно на неа нема име и презиме и ја користи лицето кое ја поседува. Затоа мора да бидете внимателни бидејќи губењето на картичката, значи губење на остатокот од средствата кој се наоѓаат на истата.

Пишете ни

Вашата порака ни значи, пишете го Вашето мислење и испратете ни го на e-mail. Одговор на Вашиот e-mail ќе добиете во рок од 48 часа. Ви благодариме, Skopje City Mall

Sending

©2017 Skopje City Mall

Log in with your credentials

Forgot your details?