Last Minute Sale!

 
 
   

Од 19 јануари па се додека има залиха, Skopje City Mall ја организира шопинг манијата наречена Last Minute Sale. Облека, накит, обувки, спортска опрема, модни додатоци, бела техника, со еден збор се што сте посакувале да го имате и се дел од актуелните колекции, ќе можете да го добиете по намалена цена, со попусти до дури 70%.

Со оглед дека почетокот на акцијата се поклопува со продолжениот празничен викенд, тоа дава можност деновите да бидат искорстени најубаво – во шопинг. Но не обичен, туку таков каде поради големите попусти, со ист буџет ќе може дадојдете не до едно, туку до неколку парчиња облека или други производи . А нема поубаво чувство од тоа да се купи нешто што се посакува, што веќе подолго време е на листа на желби,што ќе ни го разубави денот и што не прави среќни.И тоа по неверојатно ниски цени поради што на пример, наместо едно или две, ќе можете да купите четири или пет парчиња квалитетна облека од актуелни колеккции.

„Водејќи се по пазарните правила, најголемите попусти во најреномираните трговски центри насекаде низ светот се во крајот на Јануари и почетокот на Февруари, Скопје Сити мол веќе неколку години во координација со закупците во овој период ги промовира последите намалувања на цените од последната коелкција. Акции со големи попусти се нешто што се организираат два пати во текот на годината, а Last Minute Sale преставува акција со која се заокружува сезоната која изминува и на посетителите им се овозможува по неверојатни цени да дојдат до посакуваното парче облеча, чевли, моден додаток или друг производ, вели Дарко Панчевски, од маркетинг секторот на Skopje City Mall.

Во текот на шопинг еуфријата која ќе трае се додека има залиха, односно до распродажбата на залихите, попусти и до 70 отсто посетителите ги очекуваат во скоро сите продавници на големиот трговски центар. New Yorker, LC Waikiki, Fashion & Friends, Tom Tailor, ALDO, и многу други познати брендови кои имаат продажни места во Скопје сити мол, на посетителите ќе им овозможат да одберат некој производ и да ја дополнат својата гардероба бидејќи убаво парче облека, чевли или додатоци никогаш не се отповеќе. И тоа не било какви производи, туку брендови чиј квалитет гарантира дека не само оваа туку и следните сезони ќе бидете убаво облечени.

Last Minute Sale едноставно е одлична можност за сите, која не треба да се пропушти. Без разлика дали сте млади или повозрасни, Скопје сити мол со својата големина и бројот на продавници е место каде секој може да најде по нешто што му е потребно. А кој би одолеал ако тоа може да се купи на попуст и тоа до 70 отсто.


 
 
   
Translate in English»