Скопје Сити Мол Ве поканува на Mask’n’Mall за Денот на шегата

 
 
   

Дојди во Skopje City Mall на најголемиот маскенбал. Оваа година Скопје Сити Мол ќе го одбележи Денот на шегата со избор за најубава маска проследено со многу забава.

На 1-ви април, на вториот кат ќе биде поставен фото корнер каде што сите маскирани ќе имаат можност да се фотографираат од 12:00 до 21:00 часот, а фотографиите ќе бидат објавувани низ текот на целиот ден на официјалната фејсбук страна. Колку порано дојдете толку порано ќе ве објавиме 🙂

 Фејсбук фановите ќе можат да гласаат со лајкување на фотографиите, a најлајкуваните фотографии ќе добијат награди.

1 x gift card 5.000.00 денари
5 x Bluetooth звучници
94 x чаши со вашите фотографии

Гласањето ќе трае до 2ри Април 22 часот.

Mask’n’Мall прерасна во традиционален настан со кој Skopje City Mall го одбележува Светскиот ден на шегата. Идејата е покрај забавата под маски која е подеднакво интересна и за децата и за возрасните, посетителите да имаат можност да добијат и вредни награди за својата креативност. Ги повикуваме сите да го искористат викендот и да дојдат со своите семејства да се забавуваат, да ги покажат своите интересни костуми и да уживаат.

1

Регистрирај се на инфопултот за регистрација со пополнување на формулар.

2

Фотографирај се пред нашиот објектив

3

Фотографиите ќе бидат објавувани низ текот на целиот ден на Facecebook.com/skopjecitymall

4

На 02 Април во 22:00ч. фотографијата со најмногу лајкови ќе биде прогласен за победник и ќе освои gift card од Скопје Сити Мол со вредност од 5.000,00 денари, следните 5 фотографии со најмногу лајкови ќе освојат Bluetooth звучник, а следните 94 фотографии со најмногу лајкови ќе освојат чаши со фотографиите од натпреварот

5

Организаторот може да дисквалификува некој од учесниците доколку се служи со не-етички алатки за да влијае на крајниот резултат

6

Фото-натпреварот е од отворен карактер, може да учествуваат сите посетители но само со 1 фотографија. Во конкуренција влегуваат и групни маски

| 1ви АПРИЛ | 12:00 – 21:00 | II КАТ пред CINEPLEXX |

* Кампањата е од забавен карактер, Skopje City Mall во секое време од објективни причини може да го прекине конкурсот


 
 
   
Translate in English»