Настан создаваме брендови – Саем на Мали Бизниси

 
 
   

Од 21ви до 23ти септември, од 12:00 до 20:00 часот пред платото на Скопје Сити Мол, повелете посетете го настанот СОЗДАВАМЕ БРЕНДОВИ – САЕМ НА МАЛИ БИЗНИСИ. Саемот е наменет за промоција на ново-формирани мали бизниси кои се поддржани од проектот СОЦИЈАЛНА ИНКЛУЗИЈА И ЕКОНОМСКО ЗАЈАКНУВАЊЕ НА МЛАДИ кој го имплементира СОС ДЕТСКО СЕЛО МАКЕДОНИЈА.

Со овој настан ќе им се овозможи на сите посетители на Скопје Сити Мол да се запознаат со палетата на производи и услуги кои ги нудат овие мали бизниси како што се: фризерско- козметички услуги, изработка на нокти, шминка, авто лакерски услуги, изработка на производи од кожа и крзно, филигран, ветеринарни услуги, браварски услуги и многу други. На саемот сите ќе имаат можност да добијат вредни награди и попусти. Не ја пропуштајте шансата за награда, посетете го саемот и завртете го Тркалото на Среќата.

 

 

 


 
 
   
Translate in English»