РАБОТНО ВРЕМЕ НА ПАРКИНГОТ
секој ден во годината 08:00 – 01:00
освен ако нема дополнително соопштение

КАПАЦИТЕТ
околу 1000 паркинг места
40 паркинг места за возачи со хендикеп

ЦЕНОВНИК
Првиот час е бесплатен
Следните 4 часа паркирање чинат 40 ден.

Паркирањето до 10:00 е бесплатно
Влез на паркинг по 20:00 не се наплаќа.
Со купена карта во Cineplexx добивате 1 час гратис од Skopje City Mall и 3 часа гратис од Cineplexx. Поништување на билетот се врши на касата на Cineplexx.
Со секое перење на Вашиот автомобил во City Wash добивате 1 час гратис од Skopje City Mall и 2 часа гратис од City Wash. Поништување на билетот се врши на касата на City Wash.
Со секоја сметка од Ramstore со вредност над 300 денари се добива 1 час бесплатен паркинг.
Преноќување на возило чини 1200 ден.
Изгубен паркинг билет чини 500 ден.

ИНСТРУКЦИИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ПАРКИНГ УСЛУГИ

1. Земете го билетот од паркинг машината на влез.

2. Чувајте го и внимавајте да не го оштетите (стуткате, скинете)

3. Доколку престојувате помалку од 60 минути во Skopje City Mall, Вашиот билет не треба да го валидирате на автоматска паркинг машина  – паркомат.

Доколку престојувате повеќе од 1 час Ве молиме билетот да го платите на еден од паркоматите поставени на секој излез од Skopje City Mall кон паркингот.

На -1 ниво во подземна гаража кај црвениот, синиот и зелениот излез.

На прв кат кај Neptun

На втор кат кај Cineplexx

4. Платениот билет вметнете го во паркинг машината на излез од паркингот.