Prima Optics

prima-optics-205x130

Приземје

t: +389 2 3060-930

e-mail: info2@prima.mk

w: www.prima.mk

Prima Optics

PRIMA Optics е основана во 1999 година, со амбиција да понуди супериорна услуга, достапност и екслузивитет на брендовите кои ги застапува. Од самиот почеток Прима Оптика се стреми кон обезбедување на супериорна услуга на своите купувачи, како во продажбата, така и во постпродажбата.

Асортиманот на Прима Оптика е составен од брендирани диоптриски рамки и очила за сонце од најквалитетните италијански производители Luxottica, Marcolin, Safilo и De Rigo и нивните брендови: Tiffany & Co., Bvlgari, Dolce & Gabbana, Prada, Giorgio Armani, Versace, Burberry, Stella Mc Cartney, Emporio Armani, Roberto Cavalli, Tom Ford, Daniel Swarovski, Dsquared, Mont Blanc, Ray Ban, Oakley, Vogue, Givenchy, Escada, Furla, Chopard, E. Zegna, Police…

Покрај продажбата на очила, стратешка определба на Prima Optics е и сегментот на контактни леќи и течности од светски реномираните производители Ciba Vision и Bausch & Lomb.

Денеска во нашите оптики опслужуваме илјадници клиенти, за чие задоволство сме бескомпромисно посветени. Љубезноста и професионалноста на персоналот е наша примарна цел, а задоволството на купувачите е дополнето преку систем на активности од ПОЛИТИКА НА КВАЛИТЕТ како стандард за надминување на Вашите очекувања. Услуга со 5 звезди е наш систем на вредности и примарна причина за долгогодишната лојалност на нашите купувачи.

Прима оптика Ви нуди:

– Професионална услуга

– Голем избор на диоптриски рамки и очила за сонце од светски познатите брендови

– Сите видови на корективни леќи од реномираните светски производители

– Сите видови на контактни леќи и течности за одржување

– Најсовремена технологија за изработка и сервисирање на очила

Пишете ни

Вашата порака ни значи, пишете го Вашето мислење и испратете ни го на e-mail. Одговор на Вашиот e-mail ќе добиете во рок од 48 часа. Ви благодариме, Skopje City Mall

Sending

©2017 Skopje City Mall

Log in with your credentials

Forgot your details?