Настанот вторпат заедно ќе го организираат Друштвото на физичарите на Република Македонија, и „Скопје Сити Мол“, овој пат како продолжение на Месец на Науката, настан во 2016.

Во рамки на настанот ќе се одржи и 42. школа „Млади физичари“ на која учениците ќе се натпреваруваат во изработки, демонстрации и експерименти.

– Ќе бидат организирани креативни детски работилници каде најмалите ќе може на сосема поинаков начин да се запознаат со природните закони на науката. Како дел од месецот на науката ќе можат да се проследат и предавања на разни теми од сите научни области од научници од Македонија како и од гостите од странство. Покрај овие активности, низ „Скопје Сити мол“  ќе има и разни поставки  на кои  ќе бидат презентирани технички помагала и апарати, како и материјалите за работа на овие научни институции, соопшти организаторот.

Настанот ќе изобилува со многу активности, а изложбите и натпреварите во изработки, демонстрации, експерименти, симулации и модели се од отворен тип и може да ги посети секој што е заинтересиран. Програмата на  е објавена „Во светот на Физиката“ можете да ја погледнете на www.skopjecitymall.mk/svetnafizika