Скопје Сити Мол го бара својот влогер

 
 
   

Скопје Сити Мол го бара својот влогер, кој ќе биде прв од ваков тип во Македонија. Истиот ќе се одбере преку конкурс кој ќе трае од 15. февруари до 26ми март кога според различни критериуми ќе се натпреваруваат сите заинтересирани за оваа позиција.  Влогер е всушност блогер, но се искажува преку видео формат. Тоа тинејџерите многу добро го знаат бидејќи повеќето ги следат познатите влогери во светот. Ги охрабруваме сите тинејџери од Македонија кои се заинтересирани да бидат официјалниот влогер на Сити Мол да прикачат свое видео CV на социјалните медиуми и да конкурираат на овој оглас за несекојдневна работа.

ВИДИ КОИ СЕ 10-ТЕ ФИНАЛИСТИ!!!

Избрани 10-те полуфиналисти за конкурсот “Биди официјален влогер на Скопје Сити Мол и работи ја работата од соништата”

Избрани 5-те финалисти за конкурсот “Биди официјален влогер на Скопје Сити Мол и работи ја работата од соништата”

Избрани 2-цата финалисти за конкурсот “Биди официјален влогер на Скопје Сити Мол и работи ја работата од соништата” Тоа се “Андреј прави влогови” и “Иван Ајнштајн”

ЧЕСТИТКИ ЗА “Андреј прави влогови”

 

ПРАВИЛА НА КОНКУРСОТ

Биди официјалниот влогер на Скопје Сити Мол и работи ја работата од соништата “

Член 1

Организатор на конкурсот со име “Биди официјалниот влогер на Скопје Сити Мол и работи ја работата од соништата“ е  СЦМ РЕТАИЛ ДООЕЛ увоз-извоз , со седиште на ул. Љубљанска бр.4, Скопје Сити Мол, 2ри кат, Скопје – Карпош.

Член 2

Времетраење на конкурсот: Конкурсот “Биди официјалниот влогер на Скопје Сити Мол и работи ја работата од соништата“ започнува од 15.02.2018 година и ќе трае заклучно до 26.03.2018 година, односно кога и официјално ќе биде прогласен влогерот на Скопје Сити Мол.

Член 3

Право на учество на конкурсот имаат сите поединци на возраст од 13 до 27 години, без разлика на пол, националност и вероисповест.

*Согласност од родител за малолетни

Да биде согласен на правилникот на игра и да е согласен со договорот кој ќе му биде понуден доколку победи во конкурсот.

Член 4

Организаторот СЦМ РЕТАИЛ ДООЕЛ – Скопје го отвара овој конкурс со цел ангажирање на автор на концепт за промоција на производи кои ги нудат закупците во трговскиот центар. Концептот при реализација во вид на продукција на видео записи останува во  сопственост на СЦМ РЕТАИЛ ДООЕЛ – Скопје.

Член 5

Учество на конкурсот:

5.1 Стекување право на учество

За учество на конкурсот потребно е секој поединец од 13 до 27 години кој сака да конкурира своето учество да го пријави со видео CV (кратка видео биографија) на кое преку креативен начин ќе објасни зошто сака да биде официјалниот влогер на Скопје Сити Мол.

Чекори за пријавување:

– Направи видео CV

– Постави го на твојот профил на YouTube

– Сподели го на Facebook со хаштаг СитиМолВлогер или #CityMallVlogger

5.2 Прелиминарна селекција

Прелиминарната селкција на објавените видео записи, во облик на видео биографија – видео CV, ќе се прави преку прегледување на истите од жири комисија составена од стручни лица и лица вработени во секторот за маркетинг на Скопје Сити Мол, но и според постигнатиот број на прегледи од нивното објавување до датумот дефиниран за крај на поставување на своите профили на YouTube – 08.03.2018 година. Секое видео поставено после 08.03.2018 нема да биде земено во предвид за конкурсот. Секој учесник има право да постави само едно видео.

Во периодот од 08.03.2018 до 26.03.2018 СЦМ РЕТАИЛ ДООЕЛ – Скопје го задржува правото да отстрани видео содржина од својот Facebook профил кое што е спротивно на правилата и прописите за видео содржини поставени на социјалните медиуми.

Видео записите кои се дел од овој конкурс, СЦМ РЕТАИЛ ДООЕЛ – Скопје ќе ги разгледува согласно стандардите на трговскиот центар. Првата селекција ќе се содржи од 20 видеа и ќе биде направена според следните критериуми:

– Број на прегледи

– Број на споделувања

– Оценување од жири комисија составена од 3 членови (опционално)

5.3 Втора Селекција

Втората селекција се сведува на 10 видеа во облик на топ листа. По објавувањето на оваа топ листа, влогерите добиваат втора задача во која трерба да се заврши во рок од 24 часа и истата да се објави во јавност според критериумите за пријавување.

Кандидатие кои не се дел од топ листата, немаат право на понатамошно учество на конкурсот.

СЦМ РЕТАИЛ ДООЕЛ – Скопје го задржува правото дај држи во тајност темата за втората селекција до последен момент, сѐ додека правното лице не одлучи да ја објави.

Третата селекција од 10 видеа и ќе биде направена според следните критериуми:

– Број на прегледи

– Број на споделувања

– Оценување од жири комисија составена од 3 членови (опционално)

5.4 Трета Селекција и финална селекција

Третата селекција се сведува на 5 видеа во облик на топ листа. По објавувањето на оваа топ листа, влогерите добиваат ТРЕТА задача во која трерба да се заврши во рок од 24 часа и истата да се објави во јавност според критериумите за пријавување:

– Број на прегледи

– Број на споделувања

– Оценување од жири комисија составена од 3 членови

Последната селекција (финална селекција) се сведува на 2 видеа, кои ќе бидат селектирани според следните критериуми:

– Број на прегледи

– Број на споделувања

– Оценување од жири комисија составена од 3 членови

Од последната селекција се избира победникот на конкурсот кој ќе биде ангажиран со договор (линк до договорот) за авторско дело како официјален влогер на Скопје Сити Мол кој ќе ги регулира правата и обврските, односно автор на креативни видео содржини како концепт за промоција на

Правилата на конкурсот се со цел запознавање на потенцијалните учесници на истиот и ќе бидат објавени јавно на официјалната веб страна на Организаторот на играта www.skopjecitymall.mk/vlogger

Член 6

По завршување на фазата на селекција на финалистот, победникот на конкурсот станува официјален влогер на Скопје Сити Мол со 1 годишен договор, кој ќе биде ангажиран од страна на СЦМ РЕТАИЛ ДООЕЛ – Скопје во промотивни активности на трговскиот центар. СЦМ РЕТАИЛ ДООЕЛ – Скопје, го задржува правото, доколку победникот не ги исполни работните задачи во понатамошните промотивни активности, да го замени истиот со објавување на нов конкурс.


 
 
   
Translate in English»